
Корнерот на Арнолд е минато: Кимих и Мусиала на урнебесен начин ги измамија Италијанците! (ВИДЕО)
Германците победија со 2-1 во првиот натпревар, а вечерва уште во првото полувреме поведоа со 2-0.
Посебно внимание ќе привлече вториот гол на Германците. Имено, Донарума имаше нешто да каже и тоа го искористи Кимих кој брзо додаде до Мусиала за фудбалерот на Баерн да реализира на празен гол.
Овој погодок потсети и на комбинацијата која ја направија Арнолд и Ориги против Барселона во Лигата на шампионите.