Белами: Бевме подобри од Македонија - требаше да ја победиме!

Селекторот на Велс, Крег Белами е разочаран што од Скопје не си заминаа со трите бода, иако на крајот стравувал дека може и да загубат.

Македонија во последните секунди пропушти победа против Велс, иако противникот имаше повеќе од играта во текот на целиот меч.

„Последните шест минути беа... не ни знам што беше тоа. Што се однесува до мечот, ние бевме подобри, имавме контрола, но кога го примивме голот многу се разочарав, сепак кога дадовме на крајот почувствував големо олеснување иако ние бевме подобрата репрезентација“, вели Белами.

„На крајот може да испадне ова дека е драгоцен бод за нас. Според играта требаше да победиме, но во меѓународниот фудбал е така. Тука дојдовме во добра форма, го одигравме добро натпреварот, требаше да победиме, но тоа е тоа“.

„Доминиравме и во двете полувремиња, требаше први да дадеме гол и да го добиеме натпреварот. Не мислам дека Македонија може да ја изненади Белгија, денеска не добив таков впечаток“.