
Рекордот на Димитриевски „застана“ на 711 минути и - тешко дека ќе биде соборен!
Серијата можеше да продолжи, но голот на Велс во последните секунди од натпреварот ја прекина неверојатната низа. Според официјалните пресметки, минутите од судиските продолженија не се земаат предвид, што значи дека Димитриевски го постави апсолутниот рекорд во македонската репрезентативна историја.
Тој е сопственик на вториот и третиот најдолг период без примен погодок во националниот дрес. Претходниот рекорд изнесуваше 326 минути, поставен во квалификациите за Светското првенство 2018 и пријателските натпревари против Норвешка, Финска и Азербејџан, а потоа следува неговиот период од 301 минута без примен гол во Лигата на нации 2018.
Димитриевски со ова само ја зацврсти својата позиција како најсигурен чувар на мрежата во историјата на македонската репрезентација.