Роналдо не се прослави: Ужасно изведе пенал против Данска (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија вечерва игра против Данска во реваншот од плеј-офот за пласман во полуфиналето од Лигата на Нации, а Португалците пропуштија прилика рано да дојдат до водство.

Данска победи во првиот дуел со 1-0 и вечерва Португалија доби можност уште во почетните минути да ја анулира таа предност, меѓутоа Кристијано Роналдо лошо го изведе ударот од белата точка, па Шмајхел на голот на Данска лесно го одбрани.