
Joкиќ поради правилата во НБА останува без МВП признанието?
Имено, за еден играч да може воопшто да конкурира за наградата мора да одигра најмалку 65 натпревари во регуларниот дел од сезоната. Јокиќ досега одигра 62 што значи дека мора да одигра уште три во последните 11 натпревари.
Сепак, информациите од САД засега велат дека не е познато кога повторно ќе може да игра.
Во идната недела Денвер има четири натпревари и ако се пролонгира неговото враќање тогаш Јокиќ не би имал премногу време за да го исполни бројот.
Инаку, според најавите во овој моемнт како главен фаворит се истакнува канадскиот кошаркар на Оклахома Шеј-Гилџус Александер.