Нејмар сака да остане во Сантос, татко му ги откри деталите!

Бразилскиот фудбалер Нејмар сака да го продолжи договорот со Сантос, а тоа го потврди неговиот татко кој вели дека семејството прави сè што е во нивна моќ за да се стави потпис на нова соработка.

Нејмар има договор со Сантос до 30 јуни, но неговата иднина е неизвесна поради големиот број повреди по враќањето во бразилскиот тим.

„Сакаме да остане. Правиме сè што е во наша моќ за да се случи такво нешто. Имавме понуди од други тимови, но ги одбивме зашто Нејмар сака да остане во Сантос“, кажа таткото на фудбалерот.

Татко му вели дека сака да потпишат договор барем на уште една сезона, но последниот збор ќе го има управата на клубот.