„Нејмар може да дојде во Реал, Роналдо не е газда во Мадрид“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело денеска даде коментар за шпански „АС“ за можноста Нејмар да пристигне во екипата на „кралевите“.

Бразилецот кажа дека нема никаков проблем со тоа, и покрај тоа што Кристијано Роналдо е во тимот на Реал Мадрид.

„Кристијано не е газда во Мадрид, зошто не би дошол Нејмар? На него секогаш ќе му биде отворена вратата во Реал“, вели Марсело.