„Не сакав да го изневерам Јувентус, затоа ја напуштив Италија“

Низ екипата на Јувентус минаа бројни фудбалери во минатото, некои се задржаа подолго, некои пократно, но речиси сите покажаа лојалност кон овој клуб. Еден од нив е и Клаудио Маркизио.

Во 2018 година Маркизио реши да го напушти Јувентус, и сите беа изненадени што реши да ја продолжи кариерата во Русија, во дресот на Зенит. Тој одигра само 15 натпревари во овој клуб, а потоа стави крај на кариерата.

Многумина веруваа дека Маркизио може да игра на високо ниво уште неколку сезони, но очигледно тоа веќе не беше предизвик за него. Тој беше запрашан на Инстаграм зошто не ги брани боите на некој клуб во Серија А - кога го напушти Јувентус, со оглед на тоа дека имаше огромен интерес за него.

Не можев да останам во Серија А затоа што не можев да го изневерам Јувентус. Тоа е главната и единствена причина. Тоа не е само затоа што клубот и навивачите ми го дадоа тоа, туку затоа што живеев со Јувентус. Исто така, секогаш имав желба да се обидам надвор од Италија, Русија беше посебен предизвик за мене, но и за целото семејство, истакна Маркизио.