Навивачите на Реал со посебна песна ќе се збогуваат од Модриќ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид од 16.15 часот ќе се соочи против Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига, а навивачите му подготвија пријатно изненадување.

Модриќ како капитен ќе ги предводи „кралевите“ во последната средба во нивниот дрес во Ла Лига, а навивачите објавија дел од песната.

„Модриќ, те сакаме. Дојдов да те гледам, не сакам да те изгубам. Модриќ, те сакам“, ќе пеат навивачите од трибините.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.