Навивачите на Челси во страв: Заминува ли најголемата ѕвезда во Реал Мадрид!?

Иако преодниот рок во Англија вчера заврши, сепак навивачите на Челси би можеле да изгубат некој играч до крајот на трансфер периодите во другите лиги.

Управата на Челси во досегашниот дел од преодниот рок успеваше да го ззадржи еден од најдобрите играчи Еден Азар, но тие се во страв дека на крајот ќе го загубат.

Поради тоа што преодниот трок во Шпанија трае до 31. август, Реал Мадрид има уште 21 ден да успее да го скрши отпорот на „сините“ и да го ангажира Азар.

Да потсетиме, двата клуба веќе тргуваа летово, односно во Мадрид замина Тибо Куртоа, а во Лондон пристигна Матео Ковачиќ.

Сепак, ситуацијата со Азар е многу комплицирана поради тоа што е најдобар играч на Челси, а клубот не може да најде негова замена до јануари, ако Белгиецот ги напушти.