Навивачите на Арсенал бараат напаѓач, а Артета си договара голман!

Арсенал повторно ги разочара навивачите поради тоа што не стигна до титулата во Премиер лигата, но тие се надеваат дека конечно следната сезона може да заврши црната серија, меѓутоа за тоа им е потребен нов напаѓач.

Додека навивачите на „топчиите“ чекаат нов напаѓач, тренерот Микел Артета реши да си договори голман и со тоа ги изнервира фановите.

Прв голман на Арсенал останува Раја, додека како резервна опција од следната сезона треба да биде Кепа од Челси.

Кепа има солидна сезона зад себе во дресот на Борнмут, каде што играше на позајмица, а му помогна на тимот да стигне до деветтото место во лигата.

Фото: Facebook/Arsenal