
Мурињо му се одмазди на бившиот тим: Тотнем го декласираше Јунајтед! (ВИДЕО)
Бруно Фернандеш им донесе водство на „ѓаволите“ во втората минута од дуелот, по што Ндомбеле израмни во четвртата минута. А само три минути подоцна Хеунг-Мин Сон погоди за 2-1.
Дополнителен хендикеп за Јунајтед беше црвениот картон на Ентони Марсијал во 28. минута, по што Хари Кејн зголеми на 3-1 и Сон со уште еден гол стрелаше за 4-1.
Серж Орие погоди за 5-1 во 51. минута, а Кејн со вториот гол во 79. минута ги постави конечните 6-1.