Мурињо ја дозна казната за нападот врз неговиот колега (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо по инцидентот во дербито против Галатасарај.

Мурињо по поразот од Галатасарај беше провоциран од неговиот колега Бурук, по што реши да го фати за нос, а дисциплинската комисија му изрече суспензија од три натпревари.

Фенербахче под водство на Мурињо во моментов е на второто место во турската Суперлига, односно има 65 бодови, поточно шест помалку од лидерот Галатасарај.