Работнички убедливо до третото место, останува уште една енигма пред плејофот!

Кошаркарите на Работнички од третата позиција ќе влезат во разигрувањето за титулата, откако вечерва беа поуспешни во директната пресметка со Кожув (90-80), кој со овој пораз заврши на петтата позиција.

Центарци заслужено и релативно лесно дојдоа до посакуваните бодови, а триумфот беше запечатен во третиот период во кој со серија 14-3 дојдоа до огромни плус 19 (75-56), кои беа гаранција за крајниот успех. Гевгеличани потоа успеаја делумно да ја намалат негативата, но во ниту еден момент не ја загрозија победата на скопјани. Виктор Ефремовски со 19 поени, Џексон Дубински со 17 поени и Стојан Ѓуроски со 13 поени беа најпрецизни кај тимот од „Градски парк“, додека Колев со 22 поени беше најпрецизен кај гостинскиот состав.

Работнички со овој триумф се избори за четврт-финална пресметка со Пелистер, додека Кожув ќе ги одмери силите со четвртопласираното Куманово. ТФТ ќе игра против Чаир 2030 додека само МЗТ Скопје уште го чека ривалот на стартот од плејофот. Тоа ќе се знае подоцна вечерва – Феникс ќе биде осми и ќе игра со шампионот само ако го победи Шкупи на негов терен. Евентуален пораз ќе значи пласман на Тиквеш во битката за титула и пресметка со аеродромци. Сите три плеjоф рунди се играат до три победи.