Работнички-Пелистер е најинтересната двојка во четвртфиналето од плејофот

Откако вечерва се одиграа последните натпревари од основниот дел, познати се сите двојки за првата фаза од плејофот во Првата македонска кошаркарска лига.

До вечерва се знаеше само дека во првата рунда од разигрувањето за титулата ќе се сретнат ТФТ и Чаир. Феникс го освои осмото место откако го победи Шкупи, па освен што обезбеди опстанок, си закажа дуел со актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Во топ-8 има три ситуации на израмнет биланс. ТФТ го освои второто место Работнички и покрај тоа што двата тима имаат идентичен скор (15/7) бидејќи во двете пресметкиго победи составот од Градски парк. Кожув е пред Пелистер (13/9) поради победата од 19 разлика на домашен терен по поразот од пет поени во Битола. Чаир, пак, е пред Феникс поради двете победи на градскиот ривал.

Плејофот треба да почне идниот викенд, а во сите три рунди од него се игра до три победи.

ТАБЕЛА
1. МЗТ 17/5
2. ТФТ 15/7
3. Работнички 15/7
4. МКК Куманово 14/8
5. Кожув 13/9
6. Пелистер 13/9
7. Чаир 11/11 (2-0)
8. Феникс 11/11 (0-2)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
(1) МЗТ Скопје - Феникс
(2) ТФТ - Чаир
(3) Работнички - Пелистер
(4) МКК Куманово - Кожув
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Победник 1 - Победник 4
Победник 2 - Победник 3