Рефлектор паѓаше на главата на водителка на МаксСпорт - ја спаси екс голман на Динамо (ВИДЕО)

Голема трагедија можеше да се случи денеска, при најавата на натпреварот од хрватското првенство, меѓу Локомотива и Риека во Загреб.

На стадионот дуваше толку силен ветер, што во еден момент оддува еден рефлектор кој паѓаше директно на водителката Валентина Милетиќ. На сцена стапи нејзиниот соговорник Иван Келава, инаку долгогодишен голман и поранешен член на Динамо Загреб.

„Успеав да одбранам нешто“, се пошегува Келава подоцна во емисијата, но Милетиќ навистина треба да му биде благодарна за неговата брза реакција.