
Македонија загуби вторпат од Косово во Лигата на нации
Сите погодоци на Косово беа постигнати во второто полувреме. Резултатот го отвори Бичкај во 50. минута, а 10 минути подоцна стрелаше и за 2-0, додека Мемети во 85. минута ја потврди победата на својата селекција.
Македонија во следното коло игра против Летонија на 30 мај, меѓутоа ќе заврши на последно место на табелата без разлика на резултатот зашто Летонија и Косово веќе имаат по шест бодови, додека нашата селекција е без освоен бод.