Проблем за Наполи во битката за Скудето: Конте остана без важен дефанзивец

Екипата на Наполи во финишот од сезоната во кој води битка со Интер за Скудетото остана без услугите на дефанзивецот Хуан Хесус.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Хесус ќе отсуствува од терените најмалку четири недели поради повреда на бутниот мускул.

Сезонава Хесус одигра 17 натпревари за Наполи и сега тренерот Антонио Конте ќе мора да пронајде начин да го пополни неговото место.

Повредата Хесус ја заработи во триумфот над Емполи, а бидејќи до крајот на сезоната има уште само шест кола не се исклучува можноста за него сезоната и да е завршена.

На табелата Наполи во овој момент има само три бода заостанување за лидерот Интер.