Арсенал го расплака Реал среде Мадрид, Интер го елиминира Баерн (ВИДЕО)

Англискиот гигнат Арсенал успеа да слави против актуелниот европски шампион Реал Мадрид и во реваншот со 2-1 со што го елиминира од Лигата на шампиони (ЛШ), додека Интер ремизира против Баерн Минхен и благодарение на победата од првиот меч (2-1) се пласира во полуфинале на елитното натпреварување.

Арсенал прв имаше голема шанса за предност, но Букајо Сака не реализираше пенал во 13. минута од натпреварот. „Кралевите“ првото полувреме го завршија без посериозен удар кон голот на Раја и целосно разочараа.

Сака во вториот дел ја корегира својата грешка и стрелаше во 65. минута за 1-0, но само две минути подоцна Винисиус Жуниор погоди за 1-1. Реал не успеа да најде начин за нов гол, па казната стигна во судиското надополнување кога Мартинели погоди за конечни 2-1.

Првото полувреме во Милано помина без погодоци, по што Хари Кејн стрелаше во 52. минута за предност од 1-0 на германскиот гигант. Сепак, радоста на Баерн траеше кратко затоа што „нераѕурите“ преку Мартинез и Павар во рок од три минути го свртеа мечот во своја корист (2-1).

Баерн успеа да израмни во 76. минута, кога Даер ја затресе мрежата на калчолигашот (2-2), меѓутоа гигантот од Минхен немаше муниција и за трет погодок, па со вкупни 3-4 го напушта натпреварувањето.

Во полуфинале на ЛШ ќе се соочат Арсенал и ПСЖ, односно Барселона и Интер.

Фото: EPA PHOTO