
Модриќ вчера го одигра последниот натпревар за Реал во ЛШ?
Сезоната во која Реал Мадрид ја заврши со елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите и потенцијално може да остане без трофеј (Барселона е лидер во Ла Лига и игра против каталонскиот гигант во Копа дел Реј) се гледа како знак за промени во Мадрид.
Заминувањето на Модриќ се најавува веќе две години, а прераното заминување на Тони Крос веројатно најмногу влијаеш Модриќ да одигра уште една сезона во Мадрид.
Сепак, сега како што стојат работите ова е последната сезона за Лука во белиот дрес. Останува да видиме по завршувањето на сезоната дали ќе остане во Европа или ќе се одлучи за МЛС или Саудиска Арабија, но не се исклучува и можноста да ја заврши кариерата.