
Виновникот за дебаклот на Реал сам се пријави - му признал на Модриќ
Цела сезона бранителот на титулата има проблеми со одбраната, од Барселона на два меча прими вкупно девет гола, минатата недела Сосиедад му даде четири, но и не може поинаку кога Анчелоти постојано е принуден да експериментира поради големиот број повредени играчи. На денешниот меч можеби два од трите гола паднаа од слободни удари, но сепак и за нив имаше виновник.
Шпански медиуми тврдат дека по завршувањето на натпреварот, австрискиот репрезентативец Давид Алаба сам му се пријавил на Лука Модриќ и му признал дека тој е виновен за поразот. Искусниот дефанзивец направи фаул од кој Рајс го постигна првиот гол, а имаше уште неколку несигурни интервенции кои на крајот ги спаси Куртоа.
Вина може да се бара и кај Белгиецот кој не намести доволни фудбалери во живиот ѕид при двата слободни удари, но тој се „извади“ со неколку фантастични интервенции со кои спаси тотална катастрофа.