„Скај Спортс“ објави кога Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид загуби од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), по што беше најавено заминувањето на Карло Анчелоти.

Италијанскиот тренер наскоро ќе го напушти „кралскиот тим“, а „Скај Спортс“ објави дека тоа ќе се случи по финалето во шпанскиот Куп.

Реал е во битка за три пехари до крајот на сезоната, но игра лошо и поради тоа раководството сака да го промени стратегот.

Финалето на шпанскиот Куп се игра на 26 април, па според „Скај Спортс“ тоа треба да биде последен меч за Италијанецот.