Срамен потег на Рудигер - згазна ривал, а не доби казна! (ФОТО)

Реал Мадрид загуби од Арсенал и во вториот меѓусебен дуел (1-2), со што беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ).

Дефанзивецот на „кралевите“ беше нервозен за време на натпреварот, па направи скандалозен потег, односно го згазна Мајлс Луис-Скели.

Бруталниот потег на германскиот репрезентативец, сепак, помина без казна од судијата, но предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.