
Кејлор Навас на 38 години оствари рекорд на кариерата
Од јануари годинава, тој е член на аргентинскиот Њукелс Олд Бојс, а на дуелот против Тигре на гостински терен постави рекорд на кариерата. Неговиот тим победи со 2-0, но најголем придонес за тоа немаа стрелците на головите, туку токму Навас.
На мечот, тој оствари 12 одбрани што е рекорд на неговата кариера, надминувајќи го претходното најдобро достигнување кое изнесуваше десет интервенции, од дуелот против Барселона во 2017 година кога го бранеше голот на Реал.
Со Навас на голот, Њуелс се наоѓа во серија од шест победи од кои четири без извојувани без примен гол.