
Капитенот на Реал Мадрид тргна да го тепа Сака поради – обидот за паненка (ВИДЕО)
Причина за неговиот гнев, според шпекулациите, бил обидот на англискиот репрезентативец да го совлада Тибо Куртоа со „паненка“ – нешто што очигледно го сфатил како понижување. Сака, сепак, остана смирен и не влезе во конфронтација, игнорирајќи ја провокацијата. Карвахал средбата ја следеше од трибините поради потешка повреда.
Инцидентот дојде во момент кога Реал Мадрид изгледаше потполно надиграно. Во текот на првото полувреме, шпанскиот клуб не успеа да упати ниту еден сериозен удар кон голот на Давид Раја и беше тактички и физички надигран од Арсенал. Со вториот триумф во двомечот (2-1), лондонскиот тим обезбеди убедливо место во полуфиналето, славејќи со вкупни 5-1.