„Овој Интер покажа дека има ма*иња!“

Екипата на Интер се избори полуфинале во Лигата на шампионите, откако синоќа на домашен терен ремизираше против Баерн Минхен (2-2) со што ја потврди предноста стекната во првиот натпревар во Германија (1-0).

Иако баварскиот гигант направи пресврт во текот на мечот, „нераѕурите“ успеаја да се вратат со втор погодок и да ја задржат предноста. Капитенот Лаутаро Мартинез по натпреварот изрази задоволство од играта и борбеноста на тимот, нагласувајќи ја важноста на колективниот дух.

„Ова беше епски натпревар кој долго ќе го паметиме. Страдавме, но покажавме карактер и дека имаме големо срце. Интер никогаш не се откажува – работевме напорно за да стигнеме до тука. Покажавме дека имаме тим со големи ма*иња“, изјави Мартинез.

Тој додаде дека тимот секоја сезона влегува со амбиции за највисоки дострели.

„Ако не верувавме дека можеме да освоиме сè, немаше ниту да играме фудбал. Барселона е врвен противник со голема историја, но ние сега сме фокусирани на следниот меч, а потоа ќе мислиме на нив“, истакна капитенот на Интер.

Првиот полуфинален дуел против Барселона ќе се игра на 30 април во Каталонија, додека реваншот е закажан за 6 мај на „Џузепе Меаца“.

ФОТО: EPA PHOTO