Вардар веќе го продаде пола стадион за Звезда – ќе има фан-зона за црвено-белите навивачи!

Голем интерес владее за хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, што ќе се одигра на 16 април на арената во Скопје во чест на настраданите од трагедијата во Кочани, со оглед што веќе се продадени над 15.000 билети.

Организаторите информираат и дека ќе има фан-зоната за навивачите на гостите од Белград, која ќе биде поставена кај фонтаната во Градскиот парк и кои се замолуваат да купуваат билети за Источната трибина.

Исто така, црвено-црните информираат дека билетите се строго нумерирани и контролирани, па нема да има можност за неовластено или прекумерно влегување на стадионот.