
Њукасл со „петарда“ го разнесе Кристал Палас (ВИДЕО)
Марфи во 14. минута погоди за предност од 1-0, по што Езе имаше шанса да го врати гостинот од Лондон во живот, меѓутоа не реализираше пенал.
Кристал Палас потоа си постигна автогол, а во судиското надополнување стрелаа Барнс и Шар за водство од 4-0 на полувреме.
Њукасл постигна и петти гол на мечот, и тоа во 58. минута кога Исак стрелаше за конечни 5-0.
Со оваа победа Њукасл стигна до третата позиција и има 59 бодови по 32 одиграни натпревари.