
Рајс повторно удри: Уште еден проектил - уште едно ремек дело (ВИДЕО)
Англискиот репрезентативец го отвори резултатот со прекрасен слободен удар, а нешто подоцна постигна уште поубав гол, повторно од слободен удар.
Од околу 20 метри, Рајс не само што го совлада Куртоа, туку ја скина пајажината во горниот лев агол од голот на Реал, постигнувајќи еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите.