Ѕвезда на Реал Мадрид добива плата каква што досега не е видена во светскиот фудбал!

Реал Мадрид размислува за голема промена во летниот преоден рок, која би можела да му донесе рекордна заработка.

Шпанскиот гигант би се разделил со Винисиус Жуниор, доколку Бразилецот прифати понуда од Саудиска Арабија вредна дури 300 милиони евра отштета – сума која би го направила најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Тој, дополнително, би заработувал 200 милиони евра по сезона, што значи вкупно милијарда евра за пет години – без преседан во светскиот спорт. Сепак, се наведува дека фудбалерот ја одбил оваа понуда, бидејќи не му одговарала должината на договорот. Тој би бил поотворен за пократок ангажман во Заливот, од две или три години.

Оваа трансфер-опција е директно поврзана со плановите на Реал Мадрид за потенцијален трансфер на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Според британскиот „Скај Спортс“, клубот би тргнал по норвешкиот голгетер само доколку се ослободи простор во нападот – токму преку заминување на Винисиус. Со тоа, Килијан Мбапе би се преместил на својата природна позиција – лево крило. Бразилецот има активен договор со Реал до 2027 година. Според пресметките, понудената плата од Саудиска Арабија би изнесувала околу 3,85 милиони евра неделно.

ФОТО: EPA PHOTO