Фудбалска еуфорија во Грција: Федерацијата добила повеќе од 100.000 барања за влезници!
Грција двата натпревари ќе ги одигра на стадионот „Тумба“ во Солун. Холандија ја пречекува на 1 октомври, во третото коло од Лигата на нации, а Германија три дена подоцна, во четвртото коло.
Грчкиот портал наведува дека побарувачката за билети е толку голема што со нив стадионот „Тумба“ би можел да се наполни неколку пати и дека распродажбата на билетите е само прашање на време.
За репрезентацијата која ја предводи Иван Јовановиќ, претстојните натпревари се важни и поради пласманот во Лигата на нации. Со пласман во четвртфиналето, Грција би обезбедила опстанок во најсилната дивизија и место во Лигата А во сезоната 2028/29.
Како што истакнува „Спорт24“, резултатите во Лигата на нации влијаат и врз позицијата на Грција пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Место меѓу носителите би ѝ го олеснило патот кон првото големо натпреварување по Светското првенство во 2014 година. Причината за ваквата еуфорија е одличниот почеток и победите во првите две кола и тоа на гостински терен против Србија 2-1 и вчера со Германија 1-0.