Неверојатна сцена: Влезе во игра и предизвика две исклучувања со неговата коса (ВИДЕО)

Несекојдневна сцена го одбележа натпреварот на Антигва и Барбуда против Ангвила во КОНКАКАФ Лигата на нации. Домашната селекција славеше убедливо со 5-0, но резултатот остана во втор план поради случувањата во финишот. 

Во центарот на вниманието се најде Аедан Сципио, репрезентативецот на Ангвила, кој во игра влезе во 68. минута. Неговиот изглед веднаш привлече внимание, имаше исклучително долга коса речиси до земјата.

Само три минути подоцна играчот на Антигва, Грин, го повлече Сципио за косата. Судијата немаше дилема и веднаш му покажа директен црвен картон.  Иако Ангвила веќе губеше со 5-0, доби бројчана предност. Но, тоа не беше крајот на бизарните сцени.

Во судиското продолжение, уште еден фудбалер на Антигва, Најт, направи речиси идентичен потег, повторно го фати Сципио за косата. И тој доби директен црвен картон.  Така, Сципио за нешто повеќе од 20 минути на теренот се најде во две ситуации по кои двајца противнички фудбалери беа исклучени.