
Феникс најдобар кога е најпотребно - го совлада Шкупи и оди на мегдан на МЗТ
Овој дуел директно одлучуваше за осмото место на табелата бидејќи со евентуален пораз, таа позиција ќе ја освоеше тимот на Тиквеш кој вчера направи сензација и го победи шампионот МЗТ Скопје. Феникс мораше да победи и го извади најдоброто од себе и тоа во клучните моменти, па, межу другото, избегна тешка борба за опстанок во елитната конкуренција.
Натпреварот беше решен во последните пет минути во кои екипите влегоа со израмнет резултат (71-71). Феникс потоа направи 8-2, подоцна поведе и со 81-74, но до крајот имаше уште нешто повеќе од две минути. Шкупи успеа да се доближи на 78-81, но Марфи и Митревски реализираа во следните два напада и Феникс ја однесе победата.
Токму тие двајца и беа најзаслужни за триумфот, капитенот постигна 24 поени, а американскиот интернационалец заврши со 20 поени и 11 скока. Кај Шкупи, кој останува во жестока битка за опстанок со Гостивар, Сила беше убедливо најдобар играч со 22 поена и 13 скока.