Очајно дерби за Манчестер – Јунајтед и Сити „пукаа“ од празни „пиштоли“!

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити разочарувачки ремизираа без голови во денешниот натпревар од 31. коло на Премиерлигата, одигран на „Олд Трафорд“.

И покрај поделените бодови, повеќе задоволни од исходот можат да бидат „граѓаните“, бидејќи Јунајтед не искористи неколку ветувачки шанси. Средбата беше тактички натпревар, со многу борба на средината од теренот, а екипата на Рубен Аморим имаше нешто поконкретни прилики за погодок.

Со ова реми, Манчестер Јунајтед практично ги загуби шансите за европски пласман, додека Манчестер Сити останува во трката за место во Лигата на шампионите.

ФОТО: EPA PHOTO