Можеби нема титула, но освои големо признание: Кејн е Златна копачка на Европа

Англискиот репрезентативец Хари Кејн е најдобар стрелец во Европа за сезоната 2023/24.

Во својата прва година во дресот на Баерн, тој постигна 36 гола, а кога тој број ќе се помножи со коефициент 2, се добива бројка од 72 бода, највисока во европскиот фудбал. Зад него останаа Гираси од штутгарт, Халанд од Манчестер Сити, Мбапе од ПСЖ и Опенда од Лајпциг.

Кејн е втор англиски фудбалер кој ја освојува Златната копачка во историјата. Првиот е Кевин Филипс кому тоа му успеа во сезоната 2000/01, во дресот на Сандерленд.