Модриќ во иднина сака да се врати во Реал Мадрид - на многу значајна функција!

Шпанските медиуми пишуваат дека легендарниот Лука Модриќ еден ден сака да се врати во Реал Мадрид како тренер на првиот тим.

Тој за ова разговарал и со Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид со воодушевување ја примил идејата на Лука Модриќ.

Модриќ за Реал Мадрид играше од 2012 година, а од клубот си замина ова лето како најтрофеен играч на сите времиња на кралскиот клуб.

Кога ќе ја заврши фудбалската кариера, Лука Модриќ планира да почне тренерска. 

На заминувањето од Реал Мадрид, Флорентино Перез му порачал на Модриќ дека може да се врати и да ја почне тренерската кариера од младинската школа како што тоа го направија и останатите легенди на кралскиот клуб како Раул Гоназлез, Хозе Мануел Гутиерес Гути, Зинедин Зидан, Алваро Арбелоа и Чаби Алонсо.

Сите тие тренерскиот занает почнаа да го коваат од погонот на Реал Мадрид, а потоа секој по својот пат.