Милан со неверојатен пресврт освои три бода против Парма (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан триумфираа против Парма со 3-2 во 21. коло од италијанската Серија А и останаа во трка за топ-4 во првенството.

Парма имаше предност од 24. минута со голот на Канселиери, но Пулишиќ од пенал во финишот на првиот дел израмни на 1-1.

Дел Прато повторно ги донесе гостите во водство со гол во 80. минута, по што „росонерите“ тргнаа на сè или ништо, а на крајот со погодоците на Рејндерс и Чуквуезе во судиското надополнување обезбедија три бода.

Милан се наоѓа на шестата позиција со 34 бодови, односно пет помалку од Лацио кој е четвртопласиран во Серија А.