
Милан сака Лече да испадне од Серија А поради - Црногорец!
Тој оваа сезона им падна во очите на повеќе клубови, постигна 11 голови, има и три асистенции.
Според италијанските медиуми, Милан и Фиорентина се најзагреани за потписот на Крстовиќ.
Неговата цена ќе зависи и од тоа дали Лече ќе остане во Серија А или ќе игра во Серија Б.
Доколку испаднат, цената ќе падне, па Милан ќе може со сериозен попуст да го купи.
На два кола пред крајот Лече е во зоната за испаѓање, со еден бод помалку од Венеција која е првата што се наоѓа во безбедната зона.