Милан „на мускули“ ги совлада Џенова и Пандев (ВИДЕО)

Милан извојува тешка победа од 2-1 против Џенова во рамки на 31-то коло во Серија А. 

Анте Ребиќ со убав гол ги доведе домашните во водство во 13-тата минута. „Росонерите“ иако доминираа и имаа повеќе од шансите, Џенова дојде до израмнување преку поранешниот играч на Милан, Матија Дестро, кој погоди со глава по еден корнер. Во 68-та минута, Милан се врати во водство благодарение на голот на Џанлука Скамака.

Горан Пандев влезе во игра во 74.минута за Џенова и веднаш ја размрда играта. Гостите силно притиснаа во финишот и за малку не дојдоа до бод. Џанлуиџи Донарума имаше аматерска реакција и ја испушти топката во шеснаесетникот, па Џенова имаше две шанси за гол во една акција, но два пати од гол-линијата спасуваа Симон Кјаер и Фикајо Томори за да го спасат Милан.