
Меси откри кој му е најдрагиот гол во кариерата и ги изненади сите (ВИДЕО)
При толку постигнати голови, тешко е да се одреди кој би бил најдраг и најзначаен, но аргентинскиот ас, сепак, одбра еден од нив. Станува збор за голот постигнат во финалето од Лигата на шампионите во 2009 година, против Манчестер Јунајтед на Олимпико во Рим. Во второто полувреме од тој меч, Меси погоди со глава за 2-0 по прекрасната асистенција на Чави и тој гол го скрши отпорот на англискиот тим.
„Тој ми е најдраг гол поради значењето и кулминацијата на незаборавната сезона во која ги освоивме сите трофеи. За мене тој гол е најважен од сите“, призна Меси.
Неговите фанови се делумно изненадени имајќи предвид дека подоцна во кариерата Лео постигна уште голем број поубави и поатрактивни голови, како оној во финалето од ЛШ против истиот ривал во 2011 година, „слаломот“ против Реал на „Бернабе“ итн.