Меси, Мбапе и Левандовски „прснаа“ од смеење поради фотка на Роналдо по – гаќи (ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, одби да се појави на синоќешното доделување на наградата „Златна топка“, напаѓајќи го организаторот, кој, сепак, се потврди на поинаков начин да го „донесе“ Португалецот во Париз.

За време на церемонијата, беше прикажана фотографија на која се најдоа Роналдо и Дидие Дрогба, еден од водителите на програмата, како позираат полуголи, облечени само во долна облека. Камерите веднаш ги уловија најголемите ѕвезди на вечерта, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Роберт Левандовски, како „прснаа“ од смеење поради прикажаната фотографија.

Роналдо заврши на шестата позиција во изборот на најдобрите за годината што изминува, за која признанието по седми пат во неговата кариера заврши кај Меси.