Меси ја покажа „Златната топка“ пред навивачите во Париз (ФОТО)

Навивачите на ПСЖ ги поздравија своите херои Џанлуиџи Донарума и Лионел Меси кои освоија награди на церемонијата за доделување на „Златната топка“, која на крајот му припадна на Аргентинецот.

Донарума ја доби наградата за најдобар голман, додека Меси беше избран за најдобар фудбалер по седми пат во неговата кариера.