Мароканската ѕвезда на Баерн добил воспаление на срцето – нема да тренира месец ипол!
Мазрауи се заразил после Мундијалот додека бил на одмор, па сега го чека подолга пауза и тој е втор фудбалер на Баерн кој поради коронавирусот има срцев проблем, откако истиот го надмина Канаѓанецот Алфонсо Дејвис во минатата година кога паузираше повеќе од два месеци.
Отсуството на Мазрауи е нов голем проблем за Јулијан Нагелсман, кој не може да смета на голманот Мануел Ноер поради скршеница на ногата која ја здоби на скијање, Лукас Ернандез за кого заврши сезоната после скинатите лигаменти на коленото на првиот меч за Франција на СП, Садио Мане кој се повреди непосредно пред СП и Бенжамин Павар кој моментно има психолошки проблеми со депресија.