„Марка“: Реал Мадрид имал преговори со Нејмар во Англија

Шпанска „Марка“ пишува дека Реал Мадрид минатата недела имал преговори со Нејмар во Ливерпул, каде што играчот на ПСЖ беше сместен со репрезентацијата на Бразил.

Контактите помеѓу двете страни се одржуваат во претходните месеци, сепак дополнителни биле направени за да го убедат Нејмар во интересот на Реал.

Сега е потребно во преговорите да се вклучи и третата страна, поточно ПСЖ, а засега не се откриваат деталите на понудата, која ќе ја испратат „кралевите“ во Париз.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, од секогаш сакал да го има Кристијано Роналдо во неговата екипа, па како една од можностите се споменува размена помеѓу двете екипи, односно Нејмар да се пресели во Мадрид, а Португалецот во Париз.

Всушност, ПСЖ е еден од ретките клубови кои може да му понудат договор, каков што посакува Роналдо, а бидејќи тој во моментов е незадоволен кај „кралевите“, постои голема шанса да има вистина во целата приказна.

„Марка“ пишува дека преговорите помеѓу клубовите ќе почне веднаш по завршувањето на Светското првенство во Русија.