Мане нокаутира фудбалер на Арсенал, ама доби само – жолт картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул водат со 2-1 во дербито против Арсенал, резултат од првото полувреме, но треба да бидат среќни што стрелецот на првиот гол, Саудио Мане, не доби црвен картон по само три минути игра.

Причина за тоа е ударот со лакт во лицето на Тирни, кој воопшто не беше наивен и да не беше толку рано од средбата, прашање е дали играчот на „црвените“ ќе минеше само со жолт картон како овој пат. „Топчиите“ бараа исклучување, но судијата не ги послуша.