Манчестер сити нуди 110 милиони евра за хрватски репрезентативец

Хрватска играше одлично на Мундијалот во Катар, а еден од најзаслужните за нивниот пласман во полуфинале е дефанзивецот Јошко Гвардиол од Лајпциг.

Фабрицио Романо во претходните денови објави дека Челси е најголем фаворит за услугите на Гвардиол, но Манчестер сити сака да му ги расипе плановите на поранешниот англиски шампион и нуди 110 милиони евра за неговиот трансфер.

„Граѓаните“ сакаат да го комплетираат трансферот уште во јануари, а притоа да го остават Гвардиол на позајмица во Лајпциг до крајот на сезоната.