Манчестер Јунајтед рутинирано против Лутон во Лига Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше со 3-0 на гостувањето кај Лутон и се пласираше во 4.коло во Лига Купот на Англија. 

Менаџерот Оле Гунар Солшер шанса во првиот тим им даде на играчите кои беа на клупата на отворањето на сезоната во Премерилигата во поразот од Кристал Палас од 1-3. Хуан Мата го отвори резултатот за гостите во финишот на првото полувреме од пенал. 

Тимот од Чемпионшип играше солидно во втоторо полувреме, а на некаде 10 минути пред крајот имаше и одлична шанса да израмни, но на голот на Јунајтед се истакна голманот Дин Хендерсон со прекрасна интервенција. Солшер во финишот им даде шанса на првотимците како Маркус Рашфорд, Бруно Фернандеш и Мејсон Гринвуд и веднаш ја запечати победата.

Прво Рашфорд погоди за 0-2 во 88-та минута, а во судиското продолжение точка на натпреварот стави Гринвуд.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њупорт - Ватфорд 3-1
ВБА - Бренфорд 2-2 (4-5 на пенали)
Вест Хем - Хал 5-1