Манчестер јунајтед е рекордер сезонава во Премиерлигата само по едно нешто

Манчестер јунајтед има очајна сезона во Премиерлигата во која ќе заврши на осмото или седмото место во зависност од резултатите во последното коло.

Тимот на Ерик тен Хаг сезонава е лидер во англиската елита само по еден параметар, а тоа бројот на повреди. Манчестер јунајтед сезонава имал 45 повреди на фудбалерите што до некаде може да се смета за еден од факторите за слабите резултати. Најголем проблем на тимот беа повредите на фудбалерите од одбраната како Лук Шо, Лисандро Мартинез, Рафаел Варан, Тајлер Маласија.

На второто место на табелата со тимови со највеќе повреди е Челси со 43, потоа следуваат Њукасл и Брајтон со по 41 повреда. Тимови со најмалку повреди сезонава се Арсенал со 23 и Фулам со 22 повреди. 

Според податоците објавени од „Би-Би-Си“, велат дека бројот на повреди сезонава во Премиерлигата се зголемил за 11 отсто во однос на ланската натпреварувачка година. 

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА