Манчестер јунајтед доби фантастични дресови за идната сезона (ФОТО)

Екипата на Манчестер јунајтед го претстави дресот во кој ќе настапува идната сезона, а навивачите се воодушевени од неговиот изглед.

Адидас се потруди дресот да добие различен изглед во однос на претходните години. Знакот на клубот е во црно-златна верзија.

Исто така, заменети се црните линии на Адидас на рамената, како и долниот дел од дресот, а исто така е променета и голманската гарнитура, која сега е во поинтересни бои во однос на минатогодишната зелена верзија.