Лукаку веднаш блесна - Наполи со два гола во судиското продолжение дојде до пресврт (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку уште во првиот натпревар стана херој на навивачите на Наполи.

Шампионот од 2023 година потешко од очекувањата славеше против Парма на домашен терен со 2-1, а головите за победа беа постигнати во 92. и 96. минута. Гостите го отворија резултатот во 19. минута преку Бони од пенал и до пред крајот се чинеше дека ова ќе биде уште едно големо разочарување за Наполи пред неговите навивачи.

Сепак, во самиот финиш прво Лукаку израмни, а потоа Ангиса се погрижи за целосен пресврт и втор триумф за Наполи во новата сезона,